Ahmet Dursun
31 Март 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
АНКАРА
Поради семејни недоразбирања, машко лице во југозападниот дел на Иран, со огнено оружје усмрти 9 члена на семејството на сопругата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иранската новинска агенција „Тесним“ објави дека во југозападниот дел на земјата, во градот Дезфул, покраината Хузистан, маж со пушка убил 9 лица од исто семејство, а 2 лица се повредени.
Напаѓачот, чиј идентитет не е објавен, поради семејни недоразбирања, синоќа со пушка извршил упад кај роднините на сопругата. Напаѓачот убил деветмина од лицата во куќата, а на крајот со истото оружје се обидел да се самоубие, но преживеал.
Напаѓачот и уште едно лице кое го преживеало нападот се наоѓаат на лекување во болница.
Шефот на полицијата на Дезфул, Хусеин Ејди, соопшти дека според првичните информации добиени од истрагата, причина за нападот е семејно недоразбирање, и додаде дека во тек е поведена истрага за настанот.