Alma Çekovic
04 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
ПАРИЗ (АА) - Напаѓачот на Париз Сен Жермен (ПСЖ), Нејмар де Силва Сантос Јуниор, е успешно опериран по повредата и го чека пауза од два и пол до три месеци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Kлубот од Париз соопшти дека Нејмар веднаш по операцијата го започнал процесот на рехабилитација.
Лекарот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар, ја изврши операцијата во Бразил и очекува Нејмар да биде надвор од теренот до три месеци.
Се очекува напаѓачот да биде подготвен да настапи за Бразил на Светското првенство во јуни.
Најскапиот фудбалер во светот поради повредата ќе го пропушти остатокот од сезоната со ПСЖ, кој за него летоска плати 222 милиони евра.
Најдобриот играч на ПСЖ за париските „светци“ одигра 30 натпревари и постигна 28 гола.