Şenhan Bolelli
08 Декември 2022•Ажурирај: 09 Декември 2022
МАДРИД (АА) - Пороен дожд што ја зафати цела Португалија, првенствено главниот град Лисабон, предизвика смрт на едно лице и поплави низ земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Обилните дождови најголема штета предизвикаа во Лисабон и во регионот Алгарве на југот од земјата.
Објавена е информацијата дека во местото Алгес во близина на Лисабон, поради поплавување на подрумска куќа во која живеел еден пар, починала 55-годишна жена, а нејзиниот сопруг бил спасен во последен момент, по интервенцијата на тимовите за Цивилната заштита.
Информирајќи дека поради поплавите што го зафатија Лисабон состојбата во градот е алармантна, се додава дека голем број патишта и тунели се затворени. Поплавени се многу места, вклучувајќи железнички станици, еден театар, една болница и аеродромот, а оштетени се и возила.
Општините објавија соопштенија во кои од населението се бара да остане дома.
Метеоролошката служба најави дека поројните врнежи од дожд ќе продолжат до крајот на неделата.