İlayda Çakırtekin
31 Јули 2025•Ажурирај: 01 Август 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Португалија планира да ја признае Палестина како држава „во септември“, објавија локалните медиуми денес, повикувајќи се на извори од Кабинетот на премиерот, пренесува Анадолу.
Кабинетот на премиерот Луис Монтенегро соопшти дека доколку се исполнат условите „презентирани и во голема мера потврдени од присутните држави“ на конференцијата на ОН, Португалија би можела да ја признае палестинската држава „уште во септември, на 80-тото Генерално собрание на Обединетите нации“ во Њујорк, објавија дневниот весник „Диарио де Нотисијас“ и други медиуми.
Монтенегро првин ќе се консултира со Марсело Ребело де Соуза, претседателот на државата, и партиите во Парламентот.
Кабинетот на премиерот, исто така, соопшти дека во минатото веќе „ги има објаснето претпоставките или условите за започнување процес на признавање“, поточно „договор со група земји со кои одржуваме континуиран дијалог и кои активно учествуваа на оваа конференција“.