Ruslan Rehimov
25 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
БАКУ (АА) - РУСЛАН РЕХИМОВ –
Потпретседателот на Националното собрание на Азербејџан, Адил Алијев, истакна дека Ерменија отвори оган врз населени места во Азербејџан и дека Ерменија нема никаква црвена линија.
Алијев за Агенција Анадолија (АА) говоеше за нападите на Ерменија кои започнаа на 12 јули и продолжија наредните денови.
Потсетувајќи дека нападите на ерменските сили со намера преземање на стратегиските висорамнини во Азербејџан, во пограничниот регион Товуз, Алијев рече дека причина за нападите е загрозување на безбедноста во регионот.
Тој нагласи дека Азербејџан е водечка земја во регионот и дека Ерменија е исклучена од сите проекти.
„Економскиот, воениот и дипломатскиот неуспех на администрацијата на Ереван неизбежно доведуваат до пропаѓање на ерменската држава. Тоа не можат да го прифатат. Нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан, нафтоводот за природен гас во Јужен Кавказ и железничката линија Баку-Тбилиси-Карс минуваат низ Товуз. Тие сакаа да ги загрозат проектите на Азербејџан затоа што не можеа да ги прифатат своите неуспеси. Но, сите нивни иницијативи се неуспешни.“
Алијев наведе дека ерменската војска отворила оган и врз цивилните места во Азербејџан, уништувајќи многу куќи во селата близу границата со истрели од топовско оружје.
„Еден цивил на 76-годишна возраст загина од куршум што ја погодил неговата куќа. Ерменија нема никаква црвена линија. Напаѓаат цивили и болници. Според Женевската конвенција забранети се напади врз цивили и здравствени установи, дури и во војна. Ерменија не ги почитува овие правила“, нагласи Алијев.
Изјавувајќи дека по неодамнешните судири, меѓународните организации како што се Движењето на неврзаните, Организацијата за исламска соработка, Туркискиот совет, Организацијата за демократија и економски развој (GUAM) дале целосна поддршка за праведната позиција на Азербејџан, Алијев рече дека Ерменија не добила поддршка ниту од Организацијата на договорот за колективна безбедност, каде што има свој член.
Алијев рече дека најголема поддршка добиле од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и од турскиот народ, и ја искажа својата благодарност до Турција.
Истакнувајќи дека ги посетил војниците и локалното население во Товуз, Алијев потенцира дека нивниот морал бил на високо ниво.
Ерменската војска на 12 јули започна со напади врз позициите на азербејџанската војска во Товуз, а азербејџанската страна одговори на нападите и го спречи ерменскиот обид за окупирање на пограничните области на тој стратешки важен регион.
Азербејџанската страна во нападот загуби четири војници, од кои еден поручник од прва класа, а четири војници беа ранети.
Судирите продолжија и наредните денови во кои војската на Азербејџан загуби уште осум војници, меѓу кои и еден генерал мајор.