Barış Seçkin
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
РИМ (АА) - Според веста на италијанската информативна агенција АНСА, почина Ема Морано, најстарата жена на светот на 117 години и 137 дена во својот дом во градот Вербанија, покрај брегот на езерото Маџоре, пренесува Anadolu Agency (AA).
Смртта на Морано ја потврди и нејзиното семејство. Ема Морано е регистрирана како една од 5. луѓе кои најдолго живееле.
Морано е позната и како последната жена која е родена во деветнаесеттиот век. Минатата година на 29 ноември го прославила својот 117. роденден. Тогаш, честитки до славеничката Морано испрати и претседателот на Италија, Серџо Матарела.
Италијанката Ема Морано од раѓањето досега живееше во три столетија и влезе во историјата како жена која во својот животен век видела 3 кралеви на Италија, десетина претседатели на Италија и 11 папи.