Mehmet Yılmaz
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
ПРАГА (АА) - Шефот на дипломатијата на Република Чешка, Милан Хованец, изјави дека неговата земја нема да прими бегалци во рамките на програмата на Европската Унија, која ги одреди квотите на бегалци кои треба да бидат примени од земји-членки на унијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Хованец во изјавата за чешкиот весник „Право“, рече дека Чешка нема да прими бегалци во рамките на одредените квоти истакнувајќи: „И покрај заканите со економски санкции од страна на Европската Унија, Чешка планира под присила да не прими бегалци во рамките на одредените квори”.
Шефот на чешката дипломатија рече дека од 1.600 бегалци, неговата земја досега примила 12, и истакна дека нема да ги прифати преостанатите бегалци. Хованец рече дека како резултат на извршеното скенирање на националната безбедност на државата, донесена е одлука во Чешка да не им се издаде дозвола за сместување на преостанатите бегалци.
Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ, во септември 2015 година, донесе одлука во земјите-членки на унијата да бидат распределени 120.000 азиланти според систем на квоти, и покрај противењето на Словачка, Чешка, Романија и на Унгарија.
Откако Словачка и Унгарија одбија да прифатат дел од 120.000 бегалци кои им беа доделени според квотите, Европскиот суд против нив поведе судска постапка.