Corey Blackman
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја денес изведе тестирање на балистичка ракета, јавува Anadolu Agency (AA).
Додека Сеул работи на идентификувањето на специфичниот тип ракета, Здружениот Генералштаб на Јужна Кореја соопшти дека таа експлодирала веднаш откако била истрелана од покраината Јужен Хамгјонг, околу 6.20 изутрина по локално време (21:20 GMT).
„Северна Кореја направи обид за тестирање ракета, но претпоставуваме дека лансирањето заврши со неуспех“, објави новинската агенција Јонхап цитирајќи официјален претставник на Здружениот Генералштаб.
Пјонгјанг во неколку наврати предизвика меѓународна осуда за игнорирањето на резолуциите на Обединетите нации кои го забрануваат развојот на нуклеарното оружје. Денешното лансирање дојде како резултат на најавените планови на САД за превентивен напад.
Вашингтон го испрати носачот на авиони со нуклеарен погон во регионот.
Северна Кореја предупреди дека наскоро ќе изведе тестирање на интерконтинентална балистичка ракета која ќе има капацитет да стигне до американското копно, по вчерашната одржана воена парада по повод прославувањето на 105-годишнината од раѓањето основачот на Северна Кореја, Ким Ил Сунг.