Alaattin Doğru
14 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
ДАКАР
Во централната провинција Касаи во Демократската република Конго, потона брод. Во несреќата животот го загубија најмалку 10 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националните медиуми објавија дека Диудоне Пиеме, градоначалникот на Касаи информирал дека во реката Лумбембе потонал брод во кој се наоѓале најмалку 20 лица.
Претставник на полицијата соопшти дека досега од реката се извлечени 10 тела, додавајќи дека продожуваат операциите за пребарување.
Од полицијата соопштуваат дека поради високото ниво на реката мала е веројатноста дека има преживеани во бродската несреќа.
Во оваа земја која поради тропската клима е богата со големи шумски пространства и многу реки и езера, тешко се наоѓаат патишта освен во големите градови.
Народот како превозни патишта ги користи реките и езерата во басенот на Конго, но старите и запоставени бродови и чамци секогаш се претоварени со поголем број патници од дозволениот број, што е причина за чести несреќи со смртни последици.