Zehra Ulucak
24 Август 2017•Ажурирај: 24 Август 2017
МЕКСИКО (АА) - Во Бразил, во подрачјето на Амазон потона брод на којшто се наоѓаа околу 70 лица. Во несреќата, животот го загубија 10 лица, а десетици се водат како исчезнати, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата од единицата за јавна безбедност на бразилската сојузна држава Пара, од засега непознати причини во реката Шингу потона брод, а според првичните процени, во несреќата животот го загубија најмалку 10 лица.
Во соопштението се вели дека бродот се движел од сојузната држава Сантарем кон државата Пара, во подрачјето на Викторија ду Шингу, истакнувајќи дека бродот потонал во близина на градот Порто де Моз.
Спасувачките екипи успеаја да спасат 15 лица.
Во тек се активностите за проаоѓање на исчезнатите лица. Во акцијата за пронаоѓање на исчезнатите е вклучена и бразилската морнарица, со патролен чамец и брод.