Şenhan Bolelli
21 Април 2022•Ажурирај: 22 Април 2022
МАДРИД (АА) - Премиерот на Шпанија, Педро Санчез и премиерката на Данска, Мете Фредериксен, реализираат посета на украинскиот главен град Киев, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Санчез првин со авион долета во Полска каде што се состана со Фредериксен, а потоа двајцата премиери во утринските часови со воз отпатуваа во Киев.
Двајцата премиери го посетуваат Киев со цел изразување поддршка за Украина во рамките на војната со Русија.
По Киев, Санчез и Фредериксен го посетија и населеното место Бородјанка, кое се наоѓа на 30 километри северно од Киев.
Ова место во кое загинаа голем број цивили, претрпе голема штета од руската војска.
Според соопштеното, премиерите на Шпанија и Данска во текот на денот ќе се состанат и со украинскиот претседател Владимир Зеленски, а потоа ќе одржат трилатерална прес-конференција, додека вечер ќе го напуштат Киев.