Mahmut Geldi
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
БЕЈРУТ (АА) - Премиерот на Либан, Саад ал Харири, најави дека ќе поднесе оставка поради антивладините демонстрации во неговата земја кои траат од 17 октомври, јавува Anadolu Agency (AA).
Харири одржа прес-конференција во неговата куќа во Бејрут на која нагласи дека до претседателот на земјата, Мишел Авн, ќе ја достави неговата оставка поради антивладините демонстрации кои траат 13 дена.
Тој рече дека се обидува да ги сослуша луѓето со цел да ја заштити неговата земја од безбедносни и животни опасности, и дека се обидува да најде решенија. Но според него, и покрај сите напори, земјата е влезена во безизлезен пат.
„Одам кон претседателска палата, со цел да ја доставам појата оставка во насока на волјата на жителите на Либан. Упатувам апел до сите мои политички партнери: Нашата денешна одговорност е во насока на тоа како ќе го заштитиме Либан и како ќе ја развиеме неговата економија. Мојата оставка ја оставам да биде проценета од претседателот Авн и од сите Либанци. Најважни се честа и безбедноста на Либан“, додаде Харири.
Либанците почнаа да протестираат на 17 октомври како реакција против инцијативата на Владата за воведување данок во областа на комуникацијата, особено за апликацијата „ВацАп“ (WhatsApp).
Министерот за комуникација на оваа земја, Мухамед Шукајр, соопшти дека се откажале од воведување данок за апликацијата „ВацАп“, но не запреа демонстрациите низ земјата.
Премиерот Харири претходно соопшти дека биле усвоени некои одлуки за олеснување на економската криза, но демонстрантите реагираа против овие одлуки.