Ekipa
14 Декември 2018•Ажурирај: 15 Декември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Ксавие Бетел, премиерот на Луксембург, за континуираните застои во повлекувањето на Велика Британија од Европската Унија ги обвини британските парламентарци, додека премиерката Тереза Меј ја пофали поради напорите што ги вложува за изнаоѓање на решение за Брегзит, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Тереза Меј е јасна. Вестминстер (британскиот Парламент) не е јасен. Проблем се парламентарците од Лондон“, рече Ксавие Бетел и нагласи дека судбината на договорот во потполност се наоѓа во Претставничкиот дом на Парламентот на Велика Британија.
Меј веќе се сложи на договорот за излез од ЕУ, но шансите да добие поддршка за тоа во Парламентот се толку мали, што таа одлучи да го откаже гласањето најверојатно за следниот месец.
„Од внатрешни и политички причини, некои луѓе се обидуваат да се коцкаат со иднината на односите на ЕУ и Велика Британија. Тоа е лошо. Ова е најдобар можен договор“, истакна Бетел.