Fatih Erel
12 Август 2022•Ажурирај: 12 Август 2022
ЛОНДОН (АА) - Поради високите температури во Велика Британија викендов на натпреварите од Премиер лигата и од пониските лиги ќе биде воведена пауза за освежување со вода, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„На натпреварите ќе се даваат паузи за вода доколку температурата на стадионите биде 30 или повеќе степени Целзиусови“, пишуваат британските медиуми.
Се очекува температурите, кои оваа недела во делови на Велика Британија пораснаа над 30 степени, до викендот да се искачат до 37-от степен.