Büşra Nur Çakmak
15 Септември 2022•Ажурирај: 16 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Претседателката на Евроспската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска го посети Киев, главниот град на Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Мојата трета посета на Киев од почетокот на војната. Толку многу се промени. Украина сега е кандидат за ЕУ“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
„Ќе разговарам со [украинскиот претседател] Владимир Зеленски и [премиерот] Денис Шмихал како да продолжиме да ги зближуваме нашите економии и луѓе додека Украина напредува во процесот на пристапување“, додаде таа.
Русија ја започна војната против Украина на 24 февруари. И покрај почетниот напредок на Москва, Украина се држеше цврсто подолго отколку што првично очекуваа повеќето аналитичари.
Минатата недела Украина започна контраофанзива во североисточниот регион Харков, со што поврати илјадници квадратни километри територија од руските сили.