Vesna Besic
15 Септември 2022•Ажурирај: 17 Септември 2022
ЊУЈОРК (АА) - Џиновска кукла, висока 3,5 метри, наречена „Малата Амал“, која претставува деветгодишно девојче од Сирија, пристигна во Њујорк, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Малата Амал“ е изложена во паркот „Асторија“ во Квинс. Нејзиното патување од сириско-турската граница започна во јули 2021 година, кога стана симбол на милиони раселени деца од целиот свет.
Станува збор за проектот „The Walk“ на британскиот театар „Good Chance“, кој има за цел да го привлече вниманието на проблемите со кои се соочуваат децата бегалци од Сирија, а куклата оди по рута слична на онаа што ја поминале некои Сиријци кои избегале од војната во нивната земја.
„Малата Амал“ патува низ неколку земји во потрага по својата мајка, привлекувајќи внимание на предизвиците со кои се соочила. Таа го започна своето патување на 27 јули минатата година од Газиантеп, град во Туркије, кој се наоѓа во близина на Сирија.
За време на патувањето, таа посети неколку града во Европа за да ја подигне свеста за маките на милиони малолетни бегалци.
Името Амал од арапски значи надеж.