Ekip
17 Ноември 2020•Ажурирај: 18 Ноември 2020
ТРИПОЛИ
Специјалната претставничка на Обединетите нации (ОН) за Либија, Стефани Вилијамс изјави дека се во тек напорите за обединување на заштитните сили за капацитетите на нафтеното поле во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вилијамс за локалните медиуми изјави дека либиското нафтено поле ќое ќе продолжи со производство наредната година ќе биде чувано од заштитните сили како витален проект за заштита на нафтените полиња на земјата.
Таа рече дека ОН ги поддржува нафтените компании кои придонесуваат за производство на нафта во Либија со надгледување на суверенитетот на земјата.
Претседателот на Либиската национална нафтена корпорација (NOC), Мустафа Санала, појасни дека обезбедувањето и заштитата на нафтените полиња ќе бидат извршени од страна на две постојни сили заедно со новите заштитни сили кои ќе работат под команда на NOC.
На 3 ноември, либиската заедничка воена комисија (5 + 5) се согласи во Гадамес во југозападна Либија да постави механизми за спроведување на постојан прекин на огнот постигнат на 23 октомври.
На 9 ноември се одржаа интралибиски разговори во Тунис под спонзорство на ОН во кои спротивставените страни се согласија на трајно примирје. Разговорите беа одложени за следната недела, како резултат на недостаток на консензус за тоа кој ќе го води процесот на транзиција.