Adam Abu-bashal
17 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1.9 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 10.389 нови случаи на Ковид-19.
Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 1.998.121.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 281 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 47.719.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (20.314), по која следуваат Египет (6.465) и Мароко (4.850).
Во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (752.269), по која следуваат Мароко (296.189) и Египет (111.009).
Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 1.680.971 лице.