Ekipa
18 Февруари 2025•Ажурирај: 21 Февруари 2025
КАТАНИЈА (АА) - Продолжува вулканската активност на вулканот Етна во Италија, која започна на 8 февруари, јавува Анадолу.
Вчерашната вулканска активност предизвика нарушување на воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, во јужниот дел на Италија.
Вчера на социјалната мрежа Х аеродромот објави дека југоисточниот воздушен простор бил затворен до 18:30 часот според локално време.
„Нема ограничувања за полетувања од аеродромот. Се молат патниците да го проверат статусот на летот со авиокомпанијата“, беше соопштено.