Ekipa
01 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
КАТАНИЈА (АА) - По две години мирување, се активираше еден од најпознатите светски вулкани, Етна, кој се наоѓа на истоимената планина на италијанскиот остров Сицилија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ерупцијата на вжарената лава и пепел од централниот кратер на Етна започна вчера, а синоќа се активираше и југоисточниот кратер на овој вулкан.
Густите облаци од пепел може да го загрозат функционирањето на меѓународниот аеродром во Катанија, кој се наоѓа на само педесетина километри од вулканот.
Највисокиот вулкан во Европа, Етна, достигнува надморска височина од 3.330 метри на главниот кратер, додека југоисточниот кратер е 2.700 метри над нивото на морето.
Последната ерупција на вулканот Етна е забележана во 1992 година.