Ekipa
27 Јули 2019•Ажурирај: 28 Јули 2019
МОСКВА
Полицијата приведе стотици демонстранти во текот на денешните протести во Москва, на кои граѓаните бараа на опозициските кандидати да им се овозможи да се кандидираат за Градскиот совет, јавува Anadolu Agency (AA).
Организацијата „ОВД-Инфо“ (OVD-Info), која ги следи политичките приведувања, објави дека се приведени 317 лица еден час по почетокот на протестите. Државната новинска агенција ТАСС ги пренесе податоците на московската полиција, според кои, приведени се 295 лица.
Демонстрациите продолжуваат, иако специјалните сили на московската полиција се обидуваат да ги потиснат демонстрантите. Граѓаните извикуваат дека „Русија ќе биде слободна“.
На протестите се појавија неколку илјади граѓани.
Најистакнатиот руски опозиционер, Алексеј Навални, ги повика граѓаните на протести, поради што во средата е осуден на 30 дена затвор.