Vesna Besiç
28 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
МЕЛБУРН (AA) - Најмалку седум лица се уапсени во текот на демонстрациите одржани против расизмот во австралискиот град Кобург во Мелбурн, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќето демонстранти носеа блузи со капи и маски на лицата.
Протестите се одржани под слоганот "Речи му не на расизмот". Освен овие демонстрации се појавија и контрадемонстранти и дојде до напнатост меѓу нив, поради што реагираше и полицијата.
Група на активисти за човекови права од минатата година остро реагира на антиисламски протести на организацијата "Да ја вратиме Австралија", кои се одржувани ширум земјата. На тој начин често доаѓа до напнатост и судири помеѓу две страни, оние кои го поддржуваат расизмот и оние кои не го поддржуваат. Исто така, присутни се поделбите во мислењата кога е во прашање исламот и муслиманите на тоа подрачје.