Elena Teslova
23 Декември 2019•Ажурирај: 23 Декември 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, денес го отвори спорниот нов мост што минува над теснецот од копнениот дел на Русија до Крим, кој е окупиран од Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со патувањето на Путин преку мостот беше пуштен железничкиот сообраќај на мостот, со првиот патнички воз од Санкт Петербург до Севастопол - најголемиот град на Крим.
Украина, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД) го критикуваа чекорот за мостот, долг 19 километри, што ја поврзува Русија со полуостровот Крим, анектиран од Русија.
Мостот е најдолгиот мост во Европа и Русија, минува преку Керченскиот Теснец во Азовското Море, а вклучува и автопатска делница која беше отворена минатата година.
Во 2014 година Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим по спорниот референдум. Оттогаш, Москва води политика за интегрирање на полуостровот преку транспортни и инфраструктурни проекти.
Турција, како и Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), ја сметаат за нелегална анексијата на полуостровот Крим.
Украина го обвинува Кремљ за сепаратистичко насилство во Донбас, источна Украина, во близина на границата со Русија.