Elena Teslova, Ceyhun Alizade
21 Септември 2022•Ажурирај: 22 Септември 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави делумна мобилизација во Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сметам дека е неопходно да се поддржи предлогот на Министерството за одбрана и Генералштабот за прогласување делумна мобилизација во Руската Федерација“, рече тој во телевизиското обраќање до нацијата.
Путин додаде дека тој веќе го потпишал соодветниот декрет. Активностите на мобилизација започнуваат денеска.
Според декретот објавен на веб-страницата на Кремљ, одлуката се однесува на руски државјани на возраст од 18 до 50 години. Тие ќе бидат платени како воени лица кои служат со договор.
Договорите на професионалниот воен персонал автоматски ќе бидат продолжени до крајот на мобилизацијата.
Луѓето кои работат во претпријатијата за производство на оружје се ослободени од регрутирање.