Emre Gürkan Abay
08 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, истакнa дека Русија придава големо значење на замената на увозот со домашно производство во одбранбената индустрија, и дека независно од економските санкции Русија ќе продолжи да создава технолошки независни системи на оружје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шојгу, на состанокот со официјални лица во главниот град Москва, даде изјава во врска со вооружувањето на Руската армија.
Посочувајќи дека за обезбедување ново оружје и опрема за Руската армија е обезбеден буџет од 23 милијарди долари, тој нагласи: „Уделот на ново оружје и опрема во нашата армија до крајот на годината ќе изнесува 68 проценти.“
Објаснувајќи дека во процесот на вооружување на Армијата се концентрирани на домашното производство, Шојгу рече: „Придаваме големо значење на замената на увозот со домашно производство во одбранбената индустрија. Економските санкции, и да продолжат и да не продолжат, ние ќе продолжиме да создаваме технолошки независни системи за оружје.“
Рускиот претседател Владимир Путин, во соопштение пред извесно време истакна дека одбранбената индустрија на земјата во процесот на замена на увозот со домашно производство кој започна пред пет години, обезбедила технолошка независност на 350 видови различно оружје.