Tayfun Salcı
02 Април 2017•Ажурирај: 03 Април 2017
ЛОНДОН (АА) - Сите осомничени за терористичкиот напад во Лондон на 22 март, кои претходно беа приведени, се сега пуштени на слобода, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од британската полиција е наведено дека е ослободен 30 годишен маж кој бил поврзан со терористичкиот напад, со што се ослободени сите осомничени.
Со неговото ослободување не остана никој во притвор во врска со овој случај, а претходно се приведени и на слобода се пуштени уште 11 лица.
Во Лондон на 22 март на мостот Вестминстер и во британскиот парламент, напаѓачот усмрти четири лица меѓу кои и полицаец. Напаѓачот потоа е неутрализира. Во нападот загинаа британскиот полицаец Кејт Палмер (48), Курт Кохран (54), Ајша Фраде (43), британска државјанка Лесли Роудс (75) како и напаѓачот.
Меѓу ранетите, покрај Британци, имало и државјани на Франција, Романија, Јужна Кореја, Грција, Германија, Кина, Полска, Ирска, Италија и САД.