Lokman İlhan
02 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
БОГОТА (АА) – Бројот на загинатите во поплавите настанати во провинцијата Путумајо, која се наоѓа во југозападниот дел на јужноамериканската држава, Колумбија, се зголеми на над 200, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, најмалку 200 лица го загубиле својот живот во поплавите кои го погодија Мокоа, главен град на колумбиската провинција Путумајо.
Според податоците на Црвениот крст на Колумбија, 220 лица сеуште се водат како исчезнати во градот која е прогласена зона на катастрофа. Во катастрофата 202 лица се ранети, додека над 300 семејства се погодени од оваа катастрофа.
Се наведува дека катастрофата е настаната како резултат на обилните дождови. Според соопштеното ранетите се преселени во главниот град на провинцијата Хуила, Неива.
Некои од погодените од несреќата за локалните медиуми велеа дека неколку минути пред да се случи поплата се слушнале сирените за предупредување.
Дождот кој вчера одеднаш почал да врне предизвика излевање на реките Мокоа, Мулато и Санџојаџо. Како резултат на излевање на овие реки настанаа поплави при што 17 квартови останале под вода.