Bekir Aydoğan
14 Ноември 2022•Ажурирај: 16 Ноември 2022
ЕРБИЛ (АА) – Едно лице загина во ракетните напади извршени денес врз седиштето на Демократската партија на Иранскиот Курдистан (ПДКИ) во северен Ирак, соопштија локалните здравствени власти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цел на нападите биле просториите на ПДКИ во градовите Кој Санџак и Зиргез во северен Ирак, објавија локалните медиуми.
Осум други лица се повредени во нападите, се вели во соопштението на Министерството за здравство на регионалната курдска влада.
ПДКИ е вооружена курдска група забранета од Иран.
Моќниот корпус на иранската исламска револуционерна гарда претходно започна напади врз курдските вооружени групи во северен Ирак, обвинувајќи ги дека поттикнуваат антивладини протести во Иран.
Иран е потресен од национални протести од септември поради смртта на една Иранка во полициски притвор.
Техеран долго време ги обвинува курдските вооружени групи во северен Ирак дека спроведуваат дестабилизирачки активности во пограничниот регион меѓу двете земји.