Ekip
14 Март 2017•Ажурирај: 14 Март 2017
БАГДАД (АА) - Вкупниот број на раселени Ирачани од западен Мосул сега изнесува 111.000, вели ирачкиот министер за раселување и миграции, Џасим aл-Џаф, кој додаде дека стапката на тековното раселување достигнала меѓу 7.000 и 8.000 лица дневно, јавува Anadolu Agency (AA).
Ал-Џаф денес ги изнесе овие тврдења на парламентарната сесија одржана во присуство на неколку владини министри, со цел да се дискутира за кризата.
„Дневната стапка на раселување од западен Мосул сега изнесува меѓу 7.000 и 8.000 лица“, вели тој. „Понекогаш оваа бројка се искачува до 13.000“.
Според ирачкиот министер, кризата ќе биде решена само ако раселената популација се врати во своите домови во ослободените делови на Мосул и ако биде поправена локалната инфраструктура уништена од војната.
Ал-Џаф нагласи дека повеќе од 140 тони храна е доставена до цивилите во западен Мосул, а пак уште храна треба да биде доставена во источниот дел на градот.
Последната офанзива е дел од пошироката кампања којашто започна минатиот октомври, со цел ослободување на целиот град што ДЕАШ го окупираше во средината на 2014 година.