Ekipa
14 Март 2017•Ажурирај: 14 Март 2017
БЕРЛИН (АА) - Полицијата во главниот град на Германија ги повика сведоците да помогнат во пронаоѓањето на велосипедистот што во изминатите три месеци испрскал најмалку четири жени со киселна, повредувајќи некои од нив, јавува Anadolu Agency (AA).
Од берлинската полиција се вели дека нападите започнале на 7 декември минатата година, а досега се забележани најмалку четири случаи на прскање на жени со акумулаторска киселина. Сите споменати инциденти се случиле североисточно од Берлин. Една од жените во нападот се здобила со потешки рани на лицето.
Во соопштението, полицијата наведува дека 41-годишна жена која била нападната веднаш по полноќ, го опишала велосипедистот како маж на возраст меѓу 35 и 45 години, белец, со капа на главата.
Валеска Јакубовски, портпаролка на берлинската полиција, денес изјави дека полицијата во овој момент не издала никакви специфични предупредувања за жените.
Таа додаде дека е тешко да се предвидат таквите напади, но дека полициските службеници напорно работат на пронаоѓањето на виновникот.