Atila Altuntaş
28 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Декември 2019
СТОКХОЛМ (АА) - Расистички натпис е испишан врз скулптурата на шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, подигната во Малме, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста што ја објави весникот „Експресен“ (Expressen) се наведува дека откако се прочуло дека Ибрахимовиќ ги откупил половината од акциите на фудбалскиот клуб „Хамарби“, член на Алсвенскан - шведската Прва фудбалска лига, извршен е напад врз скулптурата на овој фудбалер.
Напаѓачите на местото на кое е поставена скулптурата напишале „Cigani dö“, што во превод би значело „Смрт за циганот“, расистичка изјава што била користена во поранешна Југославија.
Џими Модин, портпарол на полицијата на Малме, соопшти дека врз скулптурата е испрскана боја и е направен обид да биде запалена.
Полицијата започнала истрага во врска со настанот.