Bedrudin Brlyavac
16 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во раните утрнински часови, го отвори Споменикот на шехидите од 15. јули во анкара на годишнината од обидот за воен удар во Турција кој на 15. јули минатата година го изведе терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на присутните во близина на претседателската палата, каде се наоѓа Споменикот на шехидите од 15. јули, Ердоган порача дека на оние кои избрале да застанат на страната на непријателот на Турција, на страна на терористичката организација ФЕТО, никогаш нема да им биде простено.
„На народот сигурно ќе му поднесат сметка предавниците на чело со шарлатанот во Пенсилванија", рече Ердоган.
Нагласи исто така дека сите предавници на ФЕТО ќе бидат казнети.
„Бидете сигурни дека ниту еден од предавниците кои вперија оружје во нас, слободата и нашата иднина, нема да ја видат светлината на денот", рече Ердоган.
Истакна дека и Европската унија (ЕУ) не и исполнува дадените ветувања.
„Нека прави што сака, но состојбата на ЕУ е очигледна ... Поминаа 54 години. И сеуште не ги исполнуваат ветувањата. Велат 'везвизен режим", не исполнуваат, велат 'ќе дадеме толку пари' за бегалците, не даваат. Ние ќе ја земеме судбината во свои раце, не ни преостанува ништо друго", рече Ердоган.
Споменикот на шехидите од 15. јули се наоѓа наспроти главниот влез во Комплексот на претседателската палата.
Во Споменикот на шехидите од 15. јули во Анкара, направен во за рекордни 24 дена, потрошени се 125 тони челик. На споменикот со висина од 31,4 метри се испишани имињата на 250 паднати шехиди во ноќта за време на обидот за државен удар, како и нивните фотографии врежани во камен.
На церемонијата на отворање на споменикот присуствуваа највисоките функционери на Република Турција и илјадници граѓани.