Erbil Başay
27 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
БЕРЛИН (АА) - Во германската покраина Бранденбург, во последните години се зголеми бројот на исчезнати деца-мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Според весникот „Велт“, врз основа на информации од Минситерството за внатрешни работи на покраината Бранденбург, полицијата нема никакви информации каде се наоѓаат околу 206 деца мигранти.
Се наведува дека 90 од исчезнатите деца се од Авганистан, 30 од Сомалија и 25 од Сирија.
Исто така беше објавено дека бројот на исчезнати деца мигранти минатата година изнесувал 138, додека во 2014 година само 6. Во покраината Бранденбург досега исчезнале вкупно 567 лица.
Децата, далеку од своето место на живеење, којшто не се знае каде се и којшто се во животна опасност се сметаат за исчезнати.
Федералниот оддел за криминалистика (БКА) во соопштението пред 3 месеци објави дека на ниво на цела Германија исчезнале 9.002 деца мигранти, и дека 918 од овие деца биле под 13- годишна возраст.