Muhammet Nazım Taşcı
05 Февруари 2021•Ажурирај: 05 Февруари 2021
ИСЛАМАБАД - Во пакистанската покраина Белуџистан фрлена е рачна граната кон учесниците во маршот кој се организира во рамките на „5 Февруари - Ден на солидарност со Кашмир“. Според првичните проценки, од експлозијата се ранети 16 лица, од кои 2 деца, јавува Агенција Анадолија (АА).
Официјалните власти информираа дека лица на мотоцикл фрлиле рачна бомба врз учесниците на маршот организиран во знак на поддршка на народот на Кашмир, во подрачјето Сиби.
Властите соопштија дека според првичните проценки, во нападот се ранети 16 лица, од кои 2 се деца, а 4 ранети се во тешка здравствена состојба.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.