Dildar Baykan
03 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
КАРАКАС (АА) - Администрацијата на САД соопшти дека бара претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, уште еднаш да ги разгледа наредните чекори што планира да ги преземе откако донесе одлука за целосна измена на Уставот на Венецуела, односно уставот повторно да биде напишан, јавува Anadolu Agency (AA).
САД реагираа на одлуката на Мадуро кој потпиша декрет со којшто се бара да заседава Народното собрание за целосна измена на Уставот и тој одново да биде напишан.
Заменикот потсекретар на Министерството за надворешни работи на САД, Мајкл Фицпатрик, одржа телеконференција на која ја изрази својата длабока загриженост од повторното пишување на Уставот, во услови кога Венецуела се наоѓа во длабока политичка криза.
Фицпатрик изјави: „Претседателот Мадуро уште еднаш се обидува да ги смени правилата на играта. Вчерашниот чекор на Мадуро кај нас создава нови сомнежи дека тој сака да воведе дополнителни санкции против поединци во Венецуела.
Во меѓувреме, опозицијата која е мнозинство во Конгресот, официјално го одби заседавањето на Народното собрание за целосна измена на Уставот и негово повторно пишување. Се истакнува дека Конгресот нема право да го спречи заседавањето на Народното собрание, а одбивањето е само симболична реакција, и исто така се посочува дека вистинската одлука околу собирањето на народниот парламент ќе ја даде народот.
Демонстрантите кои се против декретот што Мадуро го потпиша вчера, излегоа на улиците и ги блокираа со контејнери, камења, шут и со парчиња метал.
Лидерот на опозицијата претходно изјави дека Мадуро со новиот Устав 'прави голема измама' со која сака себеси да се одржи на власт.
Протестите против Мадуро траат веќе втор месец, а доаѓа и до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Јавниот обвинител на Венецуела, Луиса Ортега Диаз, во своето последно обраќање на 25 април соопшти дека во досегашните протести животот го загубиле 26 лица, а повеќе од 400 се ранети. Во судирите на демонстрантите со полицијата се приведени околу 1.300 лица.