Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
24 Ноември 2018•Ажурирај: 25 Ноември 2018
ИДЛИБ (АА) - Припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите сојузници продолжуваат да го кршат Договорот за заштита на примирјето постигнат во Сочи, а во последните напади на зоната без судир во Идлиб загинаа петмина циивли, јавува Anadolu Agency (AA).
Режимските сили и странските терористички групи кои го поддржуваат Иран, со тешко вооружување ги напаѓаат населбите во рамките на деескалирачката зона Идлиб.
Новинар на АА дознава дека режимот на Асад и сојузниците извршиле ракетни напади на местото Џерџеназ, недалеку од Иллиб.
Шефот на цивилната одбрана во Идлиб, Мустафа Хај Јусуф, за АА изјави дека ракетниот напад е извршен по излегувањето на учениците од училиштето во Џерџеназ.
„Во нападот загинаа петмина цивили, од кои, две деца и три жени“, изјави Јусуф.
И покрај Договорот од Сочи за заштита на примирјето, кое Турција и Русија го постигнаа на 17 септември, режимските сили повремено вршат напади на перифериите на Латакија, Идлиб, Алепо и Хама.
Во согласност со Договорот, опозицијата го повлече тешкото вооружување од одредените подрачја.