Ekip
24 Ноември 2018•Ажурирај: 25 Ноември 2018
МАДРИД (АА) - Шпанската полиција објави дека се уапсени 79 лица поради производство и дистрибуција на детска порнографија на интернет, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата денес уапси 78 мажи и една жена за време на операцијата која започна уште во 2016 година.
Во рациите кои се извршени на 80 различни локации низ Шпанија, полициските службеници запленија 45 лаптопи, 113 хард-дискови, 25 мобилни телефони и повеќе од 300 ДВД-ја кои содржат „порнографски материјал кој вклучува малолетници“.
Полицајците, додека го претресуваа имотот во Мадрид, исто така пронајдоа и пиштол, димни бомби, ножеви и дрога.
Од полицијата истакнуваат дека операцијата е една од најголемите операции насочени против детската порнографија во историјата на Шпанија.
Не е објавено против колку лица е подигнато обвинение и колкумина се задржани во притвор.