Ahmet Dursun
09 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
АНКАРА (АА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани истакна дека Соединетите Американски Држви (САД) на Блискиот Исток тероризмот го користат како средство и им овозможуваат засолниште на лидерите на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Иранскиот претседател Рохани говореше на манифестацијата во главниот град Техеран, по повод Националниот ден на нуклеарна технологија.
Рохани, истакнувајќи дека прогласувањето на Армијата на револуционерната гарда на Иран за терористичка организација од страна на САД е „грешка“, додаде: „Арогантните светски сили и САД, прогласувајќи ја Армијата на револуционерната гарда на Иран за терористичка организација, се обидуваат да го компензираат поразот од Иран и омразата што ја имаат кон Иран. Оваа грешка уште повеќе ќе ја зајакне Револуционерната гарда. САД во регионот терористите ги користат како алатка, додека на лидерите на терористичката организација ДЕАШ им овозможуваат засолниште. Спротивно на тоа, Гардата на Иран во Ирак и Сирија се бори против нив.“
Потсетувајќи дека иранскиот патнички авион во 1988 година е срушен од страна на американските сили, Рохани рече:
„Вие сте носители на глобалниот тероризам. Кои сили го срушија иранскиот патнички авион во заливот Басра? Оние што ги подржуваат терористите, со цел да се убива и ранува иранскиот народ и власта, и обезбедувајќи го со експлозиви, сакаат Иран да се врати во времето на Шахот.“
Рохани, нагласувајќи дека САД еднострано се повлекоа од Договорот за нуклеарната програма, рече дека и тие ќе се повлечат, ако и другите земји потписнички на овој договор не ги исполнуваат своите обврски.
„Ние сме трпеливи, но и трпението има свој крај. Нашето трпение не е од слабост, тоа е мерка за иднината на регионот. Иран на оваа тема може да направи други чекори. Ако нас нѐ притиснете, ќе започнеме со масовно производство на високотехнолошки ИР-8 центрифуги“, нагласи Рохани.