Ali Cura
09 Октомври 2020•Ажурирај: 10 Октомври 2020
МОСКВА
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, соопшти дека министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија ќе присуствуваат на состанокот во Москва, чија тема е Нагорно Карабах, јавува Агенција Анадолија (AA).
Захарова рече дека трилатералниот состанок на ниво на министри за надворешни работи ќе се одржи денеска.
„Баку и Ереван потврдија дека ќе учествуваат на состанокот во Москва. Подготовките се во тек“, рече Захарова.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ги повика на состанок министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан. На состанокот тема ќе бидат судирите во Нагорно Карабах, кој е под ерменска окупација.