Emre Gürkan Abay
09 Декември 2022•Ажурирај: 15 Декември 2022
МОСКВА (АА) - Најмалку едно лице загина во пожар во хипермаркет во Москва, главниот град на Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека пожарот во хипермаркетот во Москва зафатил површина од 18.000 квадратни метри.
Потврдено е дека во пожарот кој е ставен под контрола, загинало едно лице.
Како последица на пожарот се урнал покривот на хипермаркетот, а истрагата е во тек.