Emre Gürkan Abay
21 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека доколку Европа воведе ембарго на руската нафта, глобалниот пазар на нафта ќе биде длабоко погоден, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Песков во главниот град Москва даде изјава за медиумите во кое се осврна на можното воведување санкции за руската нафта од страна на Европската Унија и на тековната војна во Украина.
Посочувајќи дека тие не се подготвени да прогласат прекин на огнот за време на преговорите меѓу Украина и Русија, Песков рече: „Стопирањето на операцијата ќе овозможи националистичките групи да се реорганизираат и да ја нападнат руската Армија. Ова постојано се случува и го комплицира процесот.“
Песков, наведувајќи дека властите во Европа интензивно се консултирале за ембарго на руската нафта, додаде: „Таквата одлука ќе им наштети на сите. Ова е исклучително сложено прашање. Таквото ембарго длабоко ќе влијае на глобалниот пазар на нафта.“
Нагласувајќи дека Европа ќе биде неповолно погодена од таквата одлука, Песков рече: „САД сигурно ќе бидат во многу поудобна ситуација од Европа. Енергетскиот биланс во Европа ќе биде сериозно погоден. Европа ќе биде силно погодена.“