Ali Cura
24 Јули 2018•Ажурирај: 25 Јули 2018
МОСКВА (АА) - Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) не ги исполнуваат своите обврски во зоната за намалување тензии во југозападниот дел на Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на руското МНР се потсетува дека по телефонскиот разговор остварен меѓу рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и неговиот американски колега, Мајк Помпео, американската страна ја обвинила Русија дека не ги исполнува своите обврски во зоната за намалување тензии во југозападниот дел на Сирија.
„Сакаме да нагласиме дека во реалност постои состојба спротивна на тоа. Вашингтон со месеци ништо не направи во зоната за намалување тензии во југозападниот дел за да ја одвои умерената опозиција од терористичките организации ДЕАШ и Ел Нусра“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.