Gamze Türkoğlu Oğuz
24 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Во екстремно високите температури што продолжуваат низ Јапонија од почетокот на јули досега починаа најмалку 77 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според новинската агенција „Кјодо“ (Kyodo), бројот на починати поради високите температури во период од 09 до 22 јули оваа година во Јапонија, каде што вчера беше измерена највисоката температура во историјата на оваа земја, се искачи на 77 лица, додека над 30.000 лица биле хоспитализирани.
Метеоролошкиот завод на Јапонија ги прогласи екстремно високите температури во земјата за природна катастрофа.
Вчера беше соопштено дека во градот Кугајама, северно од Токио, измерена е температура од 41,1 степени Целзиусови, што претставува највисока измерена температура во историјата на Јапонија.
Инаку, во поплавите предизвикани поради поројните дождови во земјата на почетокот на овој месец смртно настрадаа 222 лица.