Dmitri Chirciu
22 Мај 2019•Ажурирај: 23 Мај 2019
МОСКВА
Русија упати апел до САД и нивните сојузници да не се влошува ситуацијата во Персискиот Залив, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, во главниот град, Москва, одржа прес-конференција на која одговараше на прашањата на новинарите поврзани со Персискиот Залив и Венецуела.
Во врска со Персискиот Залив, Рјабков го кажа следното: „Потребно е да не се влошува ситуацијата во Персискиот Залив од САД и нивните сојузници, кои делуваат со намера за создавање нервоза“.
Рјабков подвлече дека Русија ќе покаже отпор наспроти обидот за државен удар во Венецуела и продолжи: „Обидот за државен удар во Венецуела ќе продолжи со американско охрабрување“.
Рјабков додаде дека Русија ќе вложи максимални напори за воспоставување добри односи со САД.
- Случувања во Заливот
Изминатите недели, САД, со цел преземање превентивни мерки против заканите што би дошле од Иран, кон Персискиот Залив го испрати како напаѓачка група носачот на авиони „Абрахам Линколн“, и бомбардирачка група, составена од 4 бомбардери „B-52“ со капацитет за нуклеарни бомби.
По ова, американското Министерство за одбрана (Пентагон) соопшти дека во регионот се испратени и бродот за транспорт на амфибии „Арлингтон“ и една батерија на ракетниот одбранбен систем „Патриот“.
Од друга страна, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) тврдеа дека Иран, на отворено море кај ОАЕ, извршил саботажа врз нивни 4 трговски бродови. Како реакција на тоа, САД со цел да го заплашат Иран, во подрачјето изведоа прелети со авионите „F-15“ и „F-35“.
По ваквиот расплет на настаните, американското Министерство за одбрана побара на 25 мај целиот персонал од второ ниво да ја напушти Амбасадата на САД во Иран.