Hakan Ceyhan Aydoğan
06 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руски борбен авион извел превентивен лет поради прелетувањето на американскиот стратегиски бомбардер B-52 над Балтичкото Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави руското министерство се наведува дека откако над Балтичкото Море, долж руската граница, било забележано движењето на американскиот авион, од најблиската база полетал борбен авион од типот Su-27.
Во соопштението се истакнува дека рускиот борбен авион на безбедно растојание го следел американскиот стратегиски бомбардер од типот B-52, сѐ додека тој не се оддалечил од руската граница.
Руските борбени авиони за последен пат полетаа во мај, кога еден американски авион над Црното Море се приближи до руската граница.