Dmitri Chirciu
13 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
МОСКВА (АА) - Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Вершинин, изјави дека одлуката за Аја Софија е внатрешна работа на Турција, и во тоа не треба да се меша ниту Русија, ниту пак друга земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за медиумите, Вершинин ја оцени одлуката за отворање на Аја Софија за молитви и враќање на статусот на џамија.
Потсетувајќи дека прашањето за Аја Софија предизвика големи реакции во светот, Вершинин рече: „Ние тргнуваме од тоа што тоа е внатрешна работа на Турција. Така што во тоа не треба да се мешаме ниту ние, ниту пак друга земја.“
Тој, исто така, посочи дека Аја Софија е значајна во однос на глобалната култура и цивилизација.
Врховниот суд на Турција на 10 јули ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година, со која џамијата Аја Софија е претворена во музеј. Потоа, со одлука на турското Претседателство, Аја Софија беше префлена под ингеренции на Управата за верски работи на Турција (Дијанет).