Vakkas Doğantekin
11 Август 2022•Ажурирај: 29 Август 2022
АНКАРА (АА) - Најмалку три лица загинаа, а околу 40 куќи се оштетени во силната експлозија што вчера одекна во куќа во Евансвил, во американската сојузна држава Индијана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Властите стравуваат дека може да има повеќе мртви или повредени бидејќи спасувачката операција сѐ уште е во тек.
„Би можело да има и други жртви. Не ја завршивме потрагата. Објектите сѐ уште не се безбедни за влез“, изјави началникот на противпожарната бригада, Мајк Конели.
Конели рече дека истрагата е во тек, а причината за експлозијата сѐ уште не е позната.