Aynur Şeyma Asan
06 Август 2025•Ажурирај: 06 Август 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Пропалестински демонстранти во САД протестираа против „пристрасниот и пасивниот јазик“ на медиумското известување на САД за нападите на Израел врз Газа, известува Анадолу.
Пропалестинските демонстранти се собраа во Вашингтон, пред канцелариите на медиумите, како што се „Ен-би-си“ „Фокс њу“, „Ем-ес-ен-би-си“ (MSNBC) и „Хил“.
Демонстрантите протестираа против пристрасното медиумско известување на САД за нападите на Израел врз Газа, држејќи транспаренти на кои пишуваше: „Стоп на соучеството на медиумите во геноцидот“ и „Медиумите лажат, Газа умира“.

Хазами Бармада, организаторот на протестот, обраќајќи се пред демонстрантите, истакна:
„Газа е под немилосрдни напади веќе 22 месеци, при што се убиени десетици илјади луѓе, повеќето од нив деца. Но, голем дел од медиумите молчат, избегнуваат информации, па дури продолжуваат да бидат соучесници.“
„Она што излегува од оваа зграда ги обликува вестите во кои верува светот и токму сега, овие вести убиваат луѓе“, рече Бармада, критикувајќи го пасивниот јазик што го користат медиумите.
Бармада нагласи дека водечките медиуми наместо „Израел ги остава луѓето гладни“, користат пасивен јазик и објавуваат „Луѓето се гладни“ и истакна дека медиумите „ги нормализирале масовните смртни случаи и гласовите на Палестинците ги ставаат во втор план“.