Mücahit Oktay
17 Ноември 2020•Ажурирај: 18 Ноември 2020
ЊУЈОРК
Истражување спроведено во Соединетите Американски Држави (САД) откри дека стапката на злосторства од омраза, извршени минатата година, по 2008, достигнала највисоко ниво, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Извештајот кој го објави Американското Федерално истражно биро (FBI) , е заснован на случаите документирани од телата за спроведување на закони.
Бројката на злосторствата сторени од омраза во 2019 година изнесува 7.314. Истражувањето откри дека сапката на злосторствата од омраза достигнала највисоко ниво по 2008 година, кога се направени 7.783 злосторства од омраза.
Покрај тоа, евидентирано е 51 убиство од омраза сторено во 2019 година.
Во извештајот на ФБИ е наведено дека е регистрирано зголемување на злосторствата од омраза врз основа на вера од приближно седум отсто.
Во истиот извештај е наведено дека и минатата година е намален процентот на злосторства од омраза над Афроамериканците во однос на 2018 година.