Emre Gürkan Abay
17 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
МОСКВА
Претседателот на Рурсија, Владимир Путин, ја одобри одлуката за формирање руска поморска база во Судан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според декретот потпишан од страна на Путин, прифатен е предлогот на Министерството за одбрана на Русија за формирање руска поморска база во суданскиот град Порт Судан.
Според тоа, земјиштето потребно за изградба на базата ќе биде обезбедено бесплатно од страна на Судан.
Со цел поддржување на оваа база, Русија ќе има право да носи било какво оружје, муниција и друга опрема преку користење на аеродромите и пристаништата во Судан.
Во оваа база која се планира да се изгради, во исто време ќе може да бидат присутни 300 вработени и 4 бродови.